Руси му даваат 10,5 милиони долари на Тајсон за борба со Холифилд

Руската промоција Хардкор бокс е подготвена да му понуди на Мајк Тајсон 10,5 милиони долари за борба со Ивандер Холифилд.

Ова го соопшти Анатоли Сулјанов, шеф на промоцијата. За трилогијата меѓу двете легенди на големо се зборуваше изминатава година. За жал, двајцата не се разбрале и егзибициска борба немаше. Тајсон и Холифилд имаат богата историја.

Во 90-тите видовме две борби меѓу Холифилд и Тајсон. Првата Ивандер ја доби со нокаут, а втората со дисквалификација, откако Тајсон му одгриза дел од увото.

„Нашата понуда за Нгану се уште важи. Нема да му дадеме милион долари, туку два-три милиони. Имаме понуда и за Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд. На Тајсон му нудиме 10,5 милиони долари“, рече Сулјанов.

Во март минатата година Холифилд изјави дека Тајсон одбил 25 милиони долари за борбата со него. Ивандер, исто така, се врати во спортот на 59-годишна возраст. Ова се случи пред 1 година на Флорида. Холифилд се сретна со Витор Белфорт и загуби со нокаут за една минута и 49 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО