Мани Пакијао со одлична изведба го совлада Бредли (ВИДЕО)

Mani Pakijao go udira Bredli

Мани Пакијао со одлична изведба во Лас Вегас дојде до втората победа во третиот меч со Тимоти Бредли.

Исто така, треба да се спомене дека Филипинецот всушност ги доби сите три борби, бидејќи во првиот меч победата на Бредли му ја доделија судиите, која беше скандалозна.

Враќајќи се по најдолгата пауза во кариерата, 37-годишниот „Pac-Man“ двапати го праќаше противникот во нокдаун и со едногласна одлука го освои ВБО меѓународниот појас, бидејќи Бредли беше принуден да ја ослободи титулата во велтер категорија на ВБО кога прифати да с ебори со Пакијао, наместо со задолжителниот предизвикувач Садам Али. Американецот беше во нокдаун во седмата и во деветата рунда.

Сите тројца судии мечот го бодуваа 116-110.

И покрај тоа што пред борбата изјави дека ова ќе биде проштален меч. Филипинецот нема донесено конечна одлука. Сепак, рече дека му ветил на семејството оти ова последна борба.

Од оваа средба Пакијао заработи 20 милиони долари, а Бредли четири.

https://youtu.be/eINVdd0O0Yk

https://youtu.be/Vpvt-EzQBfU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО