Артур Абрахам ја загуби светската титула на ВБО (ВИДЕО)
Артур Абрахам ја изгуби титулата светски шампион на ВБО во супер средна категорија.
„Кралот Артур“ се бореше во воведниот дел на настанот Пакијао-Бредли III и загуби со едногласна одлука од Жилберт Рамирез (34-0, 24 КО).
Судиите на непоразениот Мексиканец му доделија победа во сите рунди 120-108. Рамирез стана првиот Мексиканец кој ја освоил светската титула во супер средна категорија и втор Мексиканец кој станал светски шампион во категорија потешка од средна.
„Го однесов во мексиканската бокс школа. Тој е многу, многу моќен удирач, но не можеше да се справи со моите движења. На половина од борбата знаев дека ќе победам. Дојдов овде да влезам историјата и го направив тоа“, изјави Рамирез по победа.
На Абрахам (44-5, 29 КО), ова му е трет пораз во четвртата борба во САД. Ова му беше шеста одбрана на титулата во второто владеење како шампион на ВБО.
Оскар Валдез (19-0, 17 КО) со прекин во 4 рунда го совлада поранешниот светски шампион во перолесна категорија Евгениј Градович (02.01.21, 9 КО).
https://youtu.be/jzZC0UXkmGQ
https://youtu.be/KYXSFPW-z00
https://youtu.be/FHbwZ3seIyI




