Ентони Џошуа го нокаутираше светскиот првак Чарлс Мартин (ВИДЕО)

Entoni Dzosua-Charls Martin borba IBF

Синоќа во Лондон Ентони Џошуа го нокуатираше светски шампион Чарлс Мартин во втората рунда, со што ја освои титулата во супер тешка категорија на ИБФ.

Уште во првата рунда Џошуа покажа дека рингот е негов. Шампионот допушти неколку тешки удари во главата, но остана на нозе. Крајот дојде во втората рунда, кога Мартин беше погоден и падна во нокдаун. Иако беше самоуверен, тој се дигна, но веднаш доби уште еден тежок удар, кој повторно го кутна, овој пат во неповрат.

На настанот во О2 арената Ли Селби со едногласна судиска одлука ја одбрани титулата на ИБФ во перолесна категорија против Ерик Хантер, додека Џорџ Гровс со прекин во 4-тата рунда го победи непоразениот Дејвид Брофи.

https://youtu.be/w8E5sSNuMek

https://youtu.be/PxKK7LSqYI4

https://youtu.be/Drwgb-PWClw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО