Мани Пакијао официјално е сенатор (ВИДЕО)

mani Pakijao senator

Мани Пакијао официјално е избран за сенатор на Филипини.

Тој доби 16 милиона гласа за време на изборите. Боксерската ѕвезда веќе помина два мандати како пратеник во локалниот парламент. Тој често беше критикуван поради отсуството при донесување на важни одлуки. Причината за тоа беа неговите кампови, поради кои заминуваше за САД на неколку месеци.

Во соопштението Пакијао истакнува дека има намера да учествува на Олимпијадата во Рио.

„Ако се пружи таква можност, подготвен сум да го направам тоа, но само со одобрение на моите избирачи“, изјави легендарниот боксер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО