Балканец во нов меѓународен поход на „Русенски легенди“

Balkanec vo Bratislava 2016

Борачите на БК Балканец продолжуваат со настапи на меѓународни турнири. По турнирот во Братислава каде што Дејан Богданов освои сребрен медал, денеска заминаа во Русе (Бугарија) на 10. Меѓународен турнир за кадети „Русенски легенди“.

Балканец ќе настапи со: 46 кг Мартин Стојанов, 50 кг Џан Демиров, 54 кг Давид Мишев, 76 кг Џан Назифов и 85 кг Петар Тодев.

Овој турнир се одржува во чест на боречките легенди во Бугарија. Освен борби во слободен стил за кадети, на овој турнир ќе има и борби во женско борење за кадетки. Денес во 17 часот е мерењето, а натпреваритесе на 21 и 22.

Борбите на 42,50,58,69,85 и 100 кг. ќе се одржат во сабота, додека борбите на 46,54,63 и 76кг се во недела.

Балканец ќе го предводат боречките легенди на македонското борење Здравко Коцев и Зоран Шоров, кој првиот медал од меѓународни натпреварувања во својата богатата боречка кариера го има освоено токму во Русе, како пионер.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО