Мани Пакијао нападнат пред ресторан во Лас Анџелес

Mani udar

Поранешниот професионален светски шампион во бокс во осум тежински категории, Мани Пакијао, синоќа бил нападнат кај јапонски ресторан во Лос Анџелес.

Непознат напаѓач се обидел да се фрли врз Филипинецот, кога тој излегувал од локалот со пријателите. Причините за нападот се разјаснуваат. Се претпоставува дека тоа е поврзано со говорите на боксерот на адреса на сексуалните малцинства.

 „Мајчина ти, Пакијао“, викал напаѓачот кој бил турнат од Мани и неговите луѓе, кои добиле наредба од боксерот да не го повредуваат.

Овој викенд Филипинецот ќе се врати во рингот во Лас Вегас за пресметката со поранешниот светски шампион во две тежински категории Тим Бредли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON