Четворица руски џудисти со норми за ЛОИ во Рио позитивни на мелдониум

Ruski dzudist pozitiven doping test

Четворица руски џудисти дале позитивни допинг примерок на мелдониум, соопшти агенцијата „Вес спорт“.

Тоа се Наталија Кондратиева (- 48 кг), Екатерина Валкова (- 63 кг), Михаил Пулјаев (- 66 кг) и Денис Јарцев (- 73 кг).

Тројца од нив (Валкова, Пулјаев и Јарцев) се најдобри во Русија во своите категории и практично и е загарантирано учеството на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро ова лето.

Четиримината џудисти негираат дека користеле милдронат (препарат кој содржи мелдониум) во периодот кога веќе бил забранет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО