БоксПрофесионален
Добра вест: Ник Блеквел се освести од вештачката кома (ФОТО)
Поранешниот шампион на Велика Британија во средна категорија, Ник Блеквел, се освести од вештачка кома во неделата. Веднаш потоа боксерот зборувал со семејството и најблиските пријатели.
Блеквел колабираше во саботата навечер, откако беше нокаутиран од Крис Јубенк – Јуниор и ја загуби титулата. Веднаш по мечот боксерот беше пренесен во болница. Докторите открија мозочно крварење и го ставија во вештачка кома.




