Мани Пакијао: Јас го добив мечот на векот! (ВИДЕО)

Mejveder -Pakijao od mecot

Мечот на векот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао е најскапиот еднодневен спортски настан во историјата. Двајцата толку долго се одбегнуваа, а кога конечно средбата стана факт, ги собраа очите на целиот свет. Богаташчето победи, но Филипинецот се надева на реванш. Не толку поради парите, колку за да не остане во историјата како го изгубил мечот на своето поколение. 

Мејведер, сепак, најави дека средбата со Андре Берто на 12 септември ќе биде последна во неговата кариера. Тоа го налути Пакман, кој изјави дека всушност тој го добил „мечот на векот“ во мај.

-Сакам реванш од Мејведер. Оваа година ќе и се посветам на политиката, но следната ќе бидам целосно подготвен и физички и психички за нова средба. Ќе бидам уште подобар во рингот , отколку на нашата прва средба. Тој ми бегаше цело време. Морав да го гонам по рингот, но тоа е и моја заслуга што беше таков натпреварот. Мислам дека јас ја заслужив победата“, изјави Пакијао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО