Манговска, Неделковси и Смилевски од Металург со двоен триумф и на Државното и на Плеј-офот

На денешниот Плеј – оф на кој се бираа репрезентативците за Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Будимпешта, Унгарија, Металург освои три први места. Златните медалите ги освоија Александар Неделковски во кати јуниори, Марко Смилевски (-63 кг) и Драгана Манговска (-50 кг) во У- 21.

Со овие пласмани тие обезбедија место за Европското во Будимпешта.

Неделковски, Смилевски и Манговска вчера станаа и државни прваци, додека Ивона Станковска (-48 кг, јуниорки) освои сребрен медал, како и Ивана Илиевска (-53 кг), Андреј Блажевски (-70 кг) бронзен на Државното првенство за кадет, јуниори и јуниори до 21 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО