Македонски џудо тренери на семинар кај Хироши Катаниши во Белград (ФОТО)

Околу 15 тренери од Македонија по покана на Српската џудо федерација викендов во Белград – Србија, учествуваа семинар за тренери на тема „Техничко усовршување за учење на млади џудисти на возраст од 8 до 12 години“. Предавач на семинарот беше јапонскиот џудо експерт Хироши Катаниши – 8 дан.

ЏК Сеишин на семинар учествуваше со тренерите Дејан Мицкоски и Мики Чадамов, а претставник од џудо ветераните беше тренерот и претседател на Одборот на ветерани Киро Здравески. Од ЏК Санкаку претставник беше Благојче Митрески кандидат мајстор и актуелен џудо судија.

Од другите клубови на семинарот учествуваа Горан Мицкоски, Ердал Факиќ, Александар Димитријоски, Драган Шеќероски, Наде Најдоска Ристов, Игор Паскоски и други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО