Погледнете еден од најбруталните нокаути со лакт досега (ВИДЕО)

Новиот боречки викенд во САД го одбележа еден од најбруталните нокаути со лакт досега забележан со камера.

На ЛФА 78 во Белтон, Тексас, Хозе Џонсон и Рафаел Коста се бореа во мачна поднасловната борба на вечерта, при што Џонсон  ја однесе победата во првата рунда на импресивен начин.

Коста ја зграпчи ногата на противникот, а Џонсон се бранеше од обидите за соборување и ја искористи прилика да го удари со лактот во главата. Нокаутираниот борец падна со лицето на подот и остана неподвижен да лежи. Погленете го ударот и успорената снимка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО