Макс Холовеј го нокаутира Џастин Гејџи и го освои БМФ појасот (ВИДЕО)

Макс Холовеј и Џастин Гејџи приредија незаборавно шоу за љубителите на боречки вештини, откако првиот победи по речиси пет рунди спектакуларна борба УФЦ 300 во Лас Вегас и стана нов шампион на „БМФ“, најдоброто „лошо копеле“ во светот.

Холовеј, за кого ова беше најдобрата борба во кариерата. во последната секунда од петтата рунда успеа да го нокаутира одличниот Гејџи. Во последните десет секунди од ионака фантастичниот меч, борците приредија спектакл за паметење. Холовеј покажа кон средината на кафезот и го покани Гејџи да покажат се што им останало на репертоарот.

Гејџи го прифати предизвикот и го извлече „подебелиот крај“. По серијата одлични удари на двете страни, буквлано секунда пред крајот Макс со разорно десно кроше погоди во носот на Гејџи, по што овој заврши во несвест на земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО