Макпетролци кај поранешниот каратист – градоначалникот Стевчо Јакимовски!

stevce i karatistki

Kаратистите од KK Макпетрол, со тренерoт Бошко Заборски, имаа прием кај градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, инаку поранешен каратист, по повод успехот на Европското првенство за сениори во Истанбул, Турција, каде што женската екипа на Македонија во борби го освои петото место, бидејќи за малку  и избега бронзениот медал. Тоа е најголем успех на една наша екипа во борби, која благодарејќи на судиите останаа без медал. Репрезентацијата настапуваше во сотав: Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски од Макпетрол и Драгана Тодоровска од Металург. Кај градоначалникот беше Петар Заборски, носител на сребренеиот медал од јуниорското Европско првенство, како и Моника Пендаровска и Сара Радичевска.

karatiskite na Makpetrol kaj stevce

Во дискусијата стана збор за досегашните успеси на дел од присутните каратисти во машка и женска спортска лига, како и за постигнатите успеси на Карате клубот „Макпетрол“ во изминатиот период.

karatistki kaj Stevce site

Единствената општина која дава стипендии на спортисти, меѓу кои и талентирани каратисти, е општина Карпош. По тој повод, поранешните стипендисти на Карпош, освен му изразија благодарност на градоначалникот, тие ги истакнаа и своите постигнати резултати на досегашните првенства. Од негова страна беше ветено дека Општина Карпош ќе продолжи со поддршката на младите спортисти и ентузијасти.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО