Лудило во Русија: Судиите „влечеле“ за домашните борци, па во кафезот станало пеколно! (ВИДЕО)
Непријатни сцени доаѓаат од Русија, поточно во градот Ростов, каде што минатиот викенд се одржа настанот Про ФЦ 57. Како што е соопштено од страна на многу медиуми, уште од самиот почеток во салата се крчкала „негативна енергија“, бидејќи судиите ги фаворизирале домашните борци и им давале победи и покрај тоа што помалку прикажале од своите противници. Но, некако сè се држело под контрола до главната борба меѓу шампионот во средна категорија Шамил Абдулхаликова и предизвикувачот Михаил Колобегова.
Спрема се што е видено, шампионот бил значително подобар во целиот натпревар, но наместо да му дадат победа, судиите досудиле дополнителна рунда, која, според прваилата, е дозволено. Тогаш предизвикувачот Колобегов задава удар со т.н. летечко колено и го нокаутира шампионот.
И, тогаш, во кафезот станало пеколно…
Тренерите на двете спротивставени страни тргнале во пресметка, влетале луѓе од организацијата, гледачи, а од гледале се семејствата што дошле со децата да го видат ММА настанот.
Оваа ситуација може да се опише само со еден збор. Хаос !
https://youtu.be/xvK2emY-ChQ




