Макпетрол со 9 медали најуспешен клуб на Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 (ФОТО)

Младите каратисти на Макпетрол се најуспешен клуб Државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21) во младинска конкуренција, освојувајќи 9 медали – 6 златни, 2 сребрени и 1 бронзен.

 

Медалите ги освоија:

Златни

1.Петар Спасеновски  -84 кг, постари јуниори (У21)

2.Моника Пендаровска -55 кг (У21), златен медал 

3.Анѓела Мојсовска -68 кг , (У21)

4.Абдурахим Идризи – 55 кг, јуниори

5.Глигор Петков -76 кг, јуниор

6.Стефан Стојановиќ – 70 кг, кадети

Сребрени

7.Кристијан Бошковски -68 кг, јуниори

8.Екипно борби – мажи (кадети и јуниори)

Бронзен

9.Давуд Рамадановски -61 кг, јуниори

Државното првенство се одржа во сабота во Скопје, а учествуваа каратисти од 44 клуба во кумите (борби) и кати во поединечна и екипна конкуренција.

Многу сме задоволни од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова Државно првенство кое имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Македонија.

За нас, како клуб, најважно беше докажаните репрезентативци во највозрасната категорија (У21) Петар Спасеновски -84 кг, Моника Пендаровска -55 кг и Анѓела Мојсовска -68 кг да го потврдат својот квалитет и да станат државни шампиони. Исто така, за нас е важен податокот што оваа година државни шампиони станаа уште тројца млади каратисти и тоа: Абдурахим Идризи во категорија -55 кг, Глигор Петков во -76 кг и младиот кадет Стефан Стојановиќ -70 кг. Сега ни преоостанува во следниот временски период да ја темпираме успешно формата и да имаме забележителен настап и на Балканското првенство кое треба да се одржи во декември во Дубровник, Хрватска. Потоа, сите спортисти кои ќе ја исполнат критериумската норма, во февруари 2018 година ќе не преставуваат на Европското првенство за младинци“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON