10 медали за Кеикс на Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 со забелешки за лошо судење (ФОТО)

Каратистите на Кеикс на Државното првенство за кадети, јуниори и У-21 имаше учинок 10 од 10, односно со 10 натпреварувачи освои 10 медали – 3 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.

Златни медали освоија Вероника Костовска, Мевлуд Мемеди и Ангел Костов.

„Овој исклучително значаен натпревар за младите каратисти кој е критериумски за Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во февруари идната година помина во една незадоволителна атмосфера за нашиот клуб. Сакам да констатирам дека генерално сум задоволен од бројноста на натпреварувачи на овој натпревар, што е сигурен показател дека во ова генерација треба да се вложува, затоа што имаме и квалитетни и надежни поединци. За жал тоа, не можам да го заклучам и за судиите и судењето, не само на овој натпревар, што укажува на сериозна криза во судиската организација за која КФМ потроши огромни средства. Причината е што повеќето од тие судии веќе не се во државата. Но, ова е само една од моите забелешки, за која генерално треба да се погрижат челните луѓе во Федерацијата и судиската организација. Она што мене дополнително ме прави незадоволен е нестручноста, лоби групи и тенденциозното судење на ова првенство, за што поседуваме видео материјали, каде што јасно се гледаат слабостите и пропустите на судиската организација и судењето генерално. И покрај фактот дека условите за објективност во судењето се подобри од многу други натпревари во регионот и пошироко (челенџ). Многу сме оштетени и треба да се побара начин како да се надминат овие недостатоци, кои се поединечни и не се во корист на спортот и спортистите.

Пропустите на нашите натпреварувачи се секако дел од ова незадоволство кое ќе се обидеме да го поправиме на Балканското првенство за две недели во Дубровник“, вели тренерот на Кеикс, Елвир Куртановиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО