Макпетрол со 9 медали е најуспешен на Државното карате првенство (ФОТО)

Викендов во Штип се одржа Државното карате првенство за сениори и во поединечна и во екипна конкуренција, при што во генералниот пласман прворангиран е Карате клубот Макпетрол – Скопје.

„Нафташите“ успеаја да освојат вкупно 9 медали – 4 златни 3 сребрени и 2 бронзени, на втората позиција е КК Штип – Штип 5 (3-1-1) и трето рангиран е Металург – Скопје 13 (2-6-5).

На првенството со свои спортисти учествуваа 27 клубови од целата држава.

„Многу сме среќни и задоволни што и оваа година во генерален пласман сме најдобри во државата. Успеавме да имаме апсолутна доминација во екипна и во поединечна конкуренција во дисциплината борби за жени. Нашите репрезентативки Симона Заборска и Сара Радичевска беа самоуверени и не дозволија никакво изненадување, додека, пак, младата Анѓела Мојсовска покажа дека во следниот период треба да сметаме сериозно на неа, и се искачија на победничкиот пиедестал. Во екипниот дел исто така настапивме самоуверено и го совладавме нашиот конкурент тимот на скопски Металург со резултат 2-0“, се огласи тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски, по вчерашното превенство.

„Ние реално можевме да ја освоиме и тежинската категоријата ( -61 кг), што ќе беше и петтиот златен медал за нас. Во оваа категорија нашата искусна и прекалена спортистка Наташа Стефановска, иако доминираше и резултатски водеше во текот на целиот натпревар со 3-1, на крајот го загуби златниот медал, поради успешниот резултатски пресврт кој настана со добро изведен ножен удар во пределот на главата, што и донесе три поени на нејзината противничка. Можеби треба да споменеме дека Макпетрол од своето постоење до сега е со апсолутна доминација од 21 години во женското македонско карате и овој клуб во досегашната историја на карате спортот е единствен кој успеал да го задржи приматот на најдобар повеќе од две децении“, додаде Заборски.

Во поединечна конкуренција борби за Макпетрол медали освоија следниве натпреварувачи-ки

1.Сара Радичевска -50 кг, златен медал

2.Симона Заборска -55 кг, златен медал

3.Анѓела Мојсовска -68 кг, златен медал

4.Екипно борби за жени во состав на тимот беа

(Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски, Сара Радичевска и Анѓела Мојсовска), златен медал

5.Наташа Стефановска -61 кг, сребрен медал

6.Моника Пендаровска -55 кг, сребрен медал

7.Ева Блажевска + 68кг, сребрен медал

8.Петар Заборски -75 кг, бронзен медал

9.Моника Стефановска -68 кг, бронзен медал

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО