Макпетрол, најуспешен клуб ДП за сениори: Лошите судиски одлуки во многу категории одлучуваа кој спортист ќе биде прв

Макпетрол е најуспешен клуб на Државното сениорско карате првенство што се одржа во саботата (4 април) со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени. Второпласиран е Олимпик спорт со 7 (4-3-0), а на третото место е Сансаи Метал Апостолов 3 (2-1-0), потоа следи Штип 2 (1-1-0) итн..
Шампиони на Македонија од Макпетрол се:
Ангела Мојсовска -68 кг
Стефан Стојановиќ +84 кг

Борби екипно мажи
(Петар Заборски, Вукашин Јовановиќ, Витомир Трајковски. Стефан Стојановиќ, Данило Божовиќ и Петар Спасеновски)

Борби екипно жени
(Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Јована Мицовска и Симона Заборска)
Сребрени медали освоија:
Викторија Јовановска -61 кг
Јована Мицовска -61 кг
Вукашин Јовановиќ -67 кг
Бронзени медали:
Петар Заборски -75 кг
Данило Божовиќ-84 кг сребрен медал
Машки тим на Макпетрол
Женскиот тим на Макпетрол
„За ова првенство имаме многу сериозни забелешки на делењето на судиската правда, и исто така имаме забелешки и на Правилникот за избор на репрезентацијата. Овој правилник испадна крајно манипулативен и со многу недостатоци во себе. Од овие причини не беа избрани најдобрите спортисти да влезат во репрезентацијата. Од 10 тежински категории дури во 4 рикатегории направени се големи пропусти“, вели тренерот на Макпетрол Бошко Заборски изјави и додава:
„Тројца наши спортисти се грубо оштетени со лоши судиски одлуки. Наместо да бидат први, сосема неправедно тие нема да бидат во состав на репрезентацијата“.
Од клубот истакнуваат дека имаат видео-докази и сакаат да го поминат институционалниот пат, односно ќе бидат доставени до стручните тела (комисиите) на Карате федерацијата на Македонија. Очекуваат брза реакција.
Ќе потсетиме дека Државаното првенство беше од изборен карактер за репрезентацијата која ќе настапи на Европското првенство во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 мај. Првопласираните обезбедија место во репрезентацијата.



