Макпетрол ќе се бори за високи пласмани во Премиер лигата

Drzavno seniori-ki 2014 (29)

КК Макпетрол во полседното европско коло од Карате 1 Премиер лигата за оваа година во Салзбург, Австрија, од 16 до 18 октомври ќе настапи во следниот состав:

Симона Заборска -55 кг, Наташа Стфановска -61 кг, АнаМарија Несторовска -61 кг, Моника Стефановска -68 кг, Томе Тодоровски -67 кг, Симон Антиќ -84 кг, Османи Халит -75 кг, Дејан Павлов +84 кг, Петар Заборски -75 кг,Орхан Билали -84 кг и Жарко Арсовски -84 кг.

За овој турнир од Лигата, досега свое учество пријавија 59 држави со 756 спортисти во сениорска конкуренција.

– Во Салзбург има пријавено 756 спортисти од 59 држави,  поголемиот дел од пријавените се и стандардни репрезентативци на националните тимови. Бидејќи се ближи крајот на лигата, сега во Австрија по бодови за подобар пласман повторно се пријавени најдобрите светски каратисти. Затоа нема да биде ни малку лесно да се оствари пласман помеѓу 10 најдобри во секоја тежинска категорија.Тимот на Макпетрол за овој турнир е составен од 4 девојки и 7 момчиња,  кои ќе настапат во дисциплината борби поединечно.На минатиот турнир од Премиер лигата, кој се одржа во Германија, успеавме да освоиме еден бронзен медал (Томе Тодоровски -67 кг). Се надеваме дека и во Австрија ќе имаме достоинствено презентирање на Македонскиот карате спорт“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО