АктуелноДомашна сценаКарате

Макпетрол и хравтските клубови Хрватски драговољац и Самобор се подготвуваа за ЕП во Лимасол

Во периодот од 18-25 јануари, каратистите на Макпетрол успешно ги завршија еднонеделните заеднички подготовки во склоп на проектот „Карате – пронајди го својот пат“.

Тие заедно со хрватските клубови Хрватски драговољац – Загреб и Самобор – Самобор, на еднонеделните подготовки, тренерите и каратистите, разменија стекнати знаења , искуства и се реализираа голем број на добри практични задачи, со младите каратисти.

Ова беше исто така одлична можност да направиме и подготовки за нашите репрезентативци кои треба да учествуваат на Европското првенство во Лимасол, Кипар.

Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски изјави:

„Многу сум задоволен од заедничката соработка на нашите клубови. За време на еднонеделниот тренажен период успеавме да размениме искуства и стекнати знаења за голем број на техники од специфичниот дел на карате спортот.

Нашите репрезентативци кои треба да настапат на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21) во Лимасол, Кипар, во првата недела од месец февруари, имаа добра можност да ја подигнат формата на повисоко ниво. Заедничката соработка на нашите карате клубови ќе продолжи и во иднина.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON