
На Балканскиот куп „Балканс бест фајтерс заврши со 110 медaли за македонските кикбоксери од кои 39 златни, 33 сребрени и 38 бронзени.
Во вкупниот пласман Македонија по успех е прворангирана земја, додека втора е Србија, а трета Бугарија.

На овој Балкански куп учествуваа: Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херсеговина и Црна Гора.
Од сите клубови учесници на ова првенство Кикбокс клубот Шампион Урко тим е првопласиран и се закити со пехар како најдобар во ринг дисциплините, а на татами дисциплините за најдобар клуб е избран Кикбокс клубот Прокик фемили.

Максим Митровски од Шампион – Урко тим се закити со пехар за најдобар сениор на ринг во лоу кик дисциплината.
Лука Кипровски од Шампион – Урко тим го освои пехарот за најдобар сениор во К1 дисциплината.
Милан Нешевски од Шампион – Урко тим се закити со пехар за најдобар јуниор на ринг во лоу кик дисциплината.
Иван Кукуновски од Шампион – Урко тим го освои пехарот за најдобар јуниор на татами дисциплините.
Марко Башнарков од Прокик фемили го освои пехарот за најдобар јуниор во лајт контакт.
Нашата интернационална судика Елена Неделковска е прогласена за најдобар судија на првенството.

Елена е високо рангиран судија во ВАКО судискиот состав и има добиено повеќе признанија како најдобар судија на ВАКО европските и светските првенства.

Претседстелот на Балканскста кик бокс федерација а воедно и претседател на нашата Кикбокс маитаи федерација доби плакета за придонес во организацијата за одржување на ова Бслканскиот куп Балканс бест фајтерс.

„Ова е уште едно меѓународно првенство со завидувачки успех на нашите кокбоксери и потврда дека сме најуспешна и најтрофејна федерација во нашата земја, и сме национален спорт бр.1.
Со ова првенство ја затвараме овогодишната меѓународна натпреварувачка сезона.
И да истакнам дека ова е 13-то меѓународно последно првенство во оваа година. И покрај тоа што сме година ипол без никаква финансиска и логистичка помош од нашето Министерството за спорт, кое треба да гради слога, фер-плеј, да помага во промвирање на нашата земја во светот на спортот, да стимулира и да наградува според заслуги и успех, а не од лича желба, и притоа да се прави разор во и меѓу федерациите. Ја завршуваме оваа година задоволни и горди на нашите успеси“, вели пртеседателот Дејан Митровски Урко и додава:

„Сакам да признаам дека како претседател и водач на Кикбокс маитаи федерацијата сум горд што во нашата федерација има слога, единство, заемно помагање меѓу тренерите и меѓу спортистите од сите клубови. Ние покрај тоа што негуваме спорт и носиме медали за нашата земја, ние шириме другарство, слога, позитивна енергија. Ги тргаме од улиците младите луѓе насочувајки ги и адаптирајќи ги на спорт, дисциплина, одговорност, хуманост, здрав социјален живот, стабилност и сме пример како тоа се постигнува.
Ете затоа сме најдобри, најуспешни и национален спорт број1“.







