АктуелноКик боксТурнири

Кик бокс клубот Шампион Урко-тим најуспешен од македонските клубови на Балканс бест фајтерс во Ниш

На Балканскиот куп „Балканс бест фајтерс“ во Ниш македонските клубови одат во голем број и секогаш се на врвот.

Кик бокс клубот Шампион Урко- тим забележа значјна победа и е прогласен за најуспешен клуб на првенството со освоени 19 медали – 7 златни, 8 сребрени и 4 бронзени.

„Нашите натпреварувачи земаа пехари за најдобри борци во своите дисциплини.

А од сите клубови учесници на ова првенство Шампион Урко тим е првопласиран клуб за ринг и се закити со пехар како најдобар во ринг дисциплините,

Пехари како најдобри во своите дисциплини земаа:

Максим Митровски за најдобар сениор на ринг во лоу кик дисциплината.

Лука Кипровски за најдобар сениор во К1 дисциплината.

Милан Нешевски за најдобар јуниор на ринг во лоу кик дисциплината.

Иван Кукуновски за најдобар јуниор на татами дисциплините.

„Како тренер сум горд на моите натпреварувачи и ова е доказ дека секој труд и посветено време во спортот се исплати и носи резултати.

Ние не застануваме продолжуваме со тренинзите во Магнус центарот каде се наоѓа КБК Шампион Урко-тим и денеска заедно со останатите натпреварувачи кои од оправдани причини не можеа викендов да земат учество на овој натпревар и многуте рекреативци ќе ги прославиме нашите победи“, изјави Дејан Митровски-Урко и нагласи:

„Бидете дел и вие од нашата победничка кикбокс фамилија дојдете да вежбаме заедно“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON