Меѓународна сценаММА

Илија Топурија откри кога би можел да се врати во октагонот

28-годишниот непоразен шампион во лесна категорија на УФЦ, Илија Топурија, изјави дека во моментов не може да даде никакви конкретни информации за неговото следно враќање во октагонот.

„Немам точна временска рамка кога сè ќе заврши. Во моментов, на прво место ја ставам благосостојбата на моето семејство и децата. Кога сè ќе биде во ред, ќе се вратам во октагонот“, рече Топурија, цитиран од профилот на Чемпионшипс раундс на социјалната мрежа X.

Шпанско-грузискиот борец ја започна професионалната кариера во мешани боречки вештини во април 2015 година, а неговото деби во УФЦ е во октомври 2020 година. До денес, Топурија има 17 победи во професионалниот скор, од кои само две се со одлука.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON