Федерацијата на боречки спортови на Македонија и Македонскиот олимписки комитет органзираат олимписки семинар за обука на тренери по борење (слободен стил), кој ќе се одржи на 17 и 18 октомври во Штип, информираат од ФБСМ и МОК.
Олимпискиот семинар ќе содржи теоретски и практичен дел, а учесници ќе бидат околу 30-ина тренери, претставници на боречките клубови од Македонија. Составен дел од олимпискиот семинар ќе бидат и нашите најдобрите борачи во слободен стил, сениори и јуниори.
Главен предавач на Олимпискиот семинар ќе биде Миколај Корнеев, експерт на Меѓународната боречка ассоциација UWW – FILA, ангажиран и целосно финансиран од МОК, за унапредување на македонското борење.
Отварање на семинарот е на 17 октомври 2014 год. со почеток во 18:00 часот, во спортската сала на БК „Балканец“.