Македонски кикбоксери ќе настапат на Светскиот куп „Аустриан опен“

Tim Catleski so trofeite

Светската кик бокс федерација на 29 мај во Виена го организира Светски куп во кик бокс „Аустраин опен“, на кој ќе настапат четири борци од Македонија од Тимот Чатлески од Прилеп.

Во дисциплината лајт контак за пионери ќе настапат: Трајче Илиоски -51 кг, Бојан Станојоски -59 кг, Енвер Османоски – 63 кг

Во дисциплината К-1 сениори  ќе се бори Серхан Џафероски – 81 кг.

На 28 мај е официјалното мерење, а борбите почнуваат во недела од 10 часот.

„Тренинзите ни се во завршна фаза. Правиме лесни тренинзи, тактички и технички. Мислам дека нашите борци се кондиционо, тактички и технички подготвени. Се надевам дека ќе освоиме медали, но најважен медал, се разбира, ни е златниот. Се надевам дека Македонија ќе ја представиме во најдобро свело“, изјави тренерот Дарко Чатлески.

Asustrian open 2016 plakat

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО