Македонската традиционална таеквондо репрезентација ќе учествува на ЕП во Словенија

Македонската традиционална таеквон-до федерација (Таеквондо ИТФ) од 15 до 22 април ќе учествува на Европското таеквондо ИТФ  првенство во Копер –Словенија.

Нашата репрезентација ќе ја претставуваат десет членови од кои официјални лица и шест натпреварувачи.

Боите на нашата држава ќе ги бранат:

Христијана Парулеска, црн појас 1 дан ќе се натпревараува  во јуниорки   14-15 години во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби -55 кг (државен првак во борби  и актуелна Евроспка шампионка од Јесоло-Италија 2023, бронзен медал во борби од Светско првенство од Астана Казахстан2023 година, европска вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.

Давид Крстески, црн појас 1 дан ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години  во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби -63 кг (државен првак во борби и форми , европски вицешампион од Пореч –Хрватска 2022год.)

Елена Јанеска, црн појас 1 данќе се натпревараува во јуниорки  16 -17 години  во две дисциплини, форми црн појас 1 дан, борби -70  кг (државен првак во борби и форми, европска  вицешампионка од Пореч –Хрватска 2022год.)

Марио  Крстески, црн појас 1 дан ќе се натпревараува во сениори 18-35 години  во спаринг  борби – 58 кг (државен првак во борби).

Софија Колушоска, црвен појас ќе се натпревараува  во јуниорки   14-15 години во две дисциплини, форми за црн појас 1 дан, борби -55 кг (државен првак во форми )

Владимир  Димитриевиќ, црн појас 1 дан, ќе се натпревараува во јуниори 16-17 години  во спаринг  борби – 69 кг (државен првак во борби)

„Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките се реалзираа последните  два месеци секојдневно , под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас В дан, го дадовме максимумот и се надеваме на солидни резултати. Според нивниот историјат на успеси, можеме да веруваме во нашите натпреварува.

Тројца од нашата екипа Христијана Парулеска, Елена Јанеска, Давид Крстески се освојувачи на европски медали од Европски првенства, Владимир  Димитриевиќ, Софија Колушоска се стигнати до четвретфинале на евроспко првенство, додека Марио  Крстески кој е освојувач на многуброји меѓународни медали, ќе дебитира за сениорска конкуренција на ЕП. Сите членови во текот на подготвките, упорно се подготвуваа со цел да ја претсават нашата држава во најубаво светло, што ни е добар показател да се надеваме на добар пласман и на ова Европско првенство. Сите натпреварувачи имаат освоено  многубројни медали , па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман“, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО