Македонската карате репрезентација по нови трофеи на Европското првенство во Монпелје

Karatistite vo ASM pred EP 2016

Македонската карате репрезентација ќе ја претставуваат 16 каратисти на престојното Европско првенство од 5 до 8 мај во Монпелје, Франција.

 На овој континентален собир ќе учествуваат 43 држави со вкупно 400 натпреварувачи, што значи дека конкуренцијата ќе биде жестока во сите конкуренции и категории.

Македонија има огромен успех во каратето изминатите години, па затоа очекувањата се дека повторно ќе освоиме некој европски медал. Во минатото со успеси од Европските првенства се враќаа Наташа Илиевска, Емил Павлов, Берат Јакупи, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Ардита Исени, Огнен Груевски и Мартин Несторовски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на денешната прес-конференција им посака успех на сите репрезентативци на претстојниот континентален собир, истакнувајќи дека во последните неколку години редовно се враќаат со трофеи од ЕП и затоа и сега очекуваме продолжување на тој тренд, иако конкуренцијата е се посилна.

„Токму ваквите резултати се мотив повеќе Агенцијата за млади и спорт да дава континуирана поддршка на Македонската карате федерација. За овој настап на ЕП во Монпелје од АМС се издвоени 600.000 денари, а за меѓународната програма и за стручната работа на Карате федерацијата, АМС има издвоено вкупно милиони и 630 илјади денари и со неа се опфатени учеството на ЕП за сениори во Монпелје, Светското првенство во Линц, Австрија, како и стручната работа на тренерите и селекторите со репрезентативците“, рече Спасески.

Тој потсети дека голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, спортска пензија. Со тоа, како што рече, им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО