На Европското таеквондо првенство за сениори Македонија настапува со шест репрезентативци.
По водство на претседателот на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и селектор д-р Борче Костовски боите на Македонија ќе ги бранат:
Дејан Георгиевски +87кг
Филип Додевски -87кг
Филип Стаменов -80кг
Анамарија Георгиевска -67кг
Милијана Релјиќ -62кг
Марко Аврамовски -58кг
Досега на ЕП-а за сениори македонските репрезентативци освоија три медали – Дејан Георгиевско златен и сребрен и Петра Матијашевиќ бронзен.
На Европското учествуваат речиси сите држави од Европа, конкуренцијата е пеколна, затоа што во конкуренција за медали се олимписки, светски, европски шампиони и медалисти.
„Во оваа битка со кремот на олимписко таеквондо одиме на медали“, кратко порачуваат од нашиот табор, во очекување да пристигне и Мила!