Го отпишаа Усик за светската титула во тешка категорија

Олимпискиот шампион од Лондон во 2012 година и сега веќе поранешен апсолутен светски шампион во полутешка категорија – Александар Усик (18-0) од големите имиња во „кралската дивизија“ не го сметаат за сериозен предизвик. Според еден од неговите противници во рингот, Мајкл Хантер (19-1-1), Украинецот ќе биде тешко да најде силни и квалитетни противници во тешка категорија, бидејќи не е привлечен и не ги ризикува во категоријата.

Усик во моментов преговара за меч со Џо Џојс (12-0). Тој забележа две победи кај тешкашите – над Чаз Витерспун (38-4) и Дерек Чисора (32-10) и е предизвикувач  за светската титула на ВБО, чиј сопственик е Ентони Џошуа (24-1).

https://twitter.com/usykaa/status/1368599263060627462?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1368599263060627462%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fboxing%2Fotpisaxa-usik-za-svetovnata-titla-v-tezhka-kategoriya%2F

„Усик е чист боксер. Повисок е од мене, но е мал за тешка категорија и ќе му биде многу тешко да најде квалитетни ривали. Според мене, останатите боксери таму не го прифаќаат како еден од нив, не сметаат дека навистина е калибар од тешка категорија. Има уште нешто – луѓето сакаат да гледаат мечеви со нокаути, удари и размена. Атој не прави ништо од тоа. Погледни ме – дури и јас се фрлам и го ставам здравјето на ризик, за да нокаутирам, или да бидам нокаутиран. Усик е премногу внимателен. Тој е боксер, а не борец. За да успее во тешка категорија, треба да е второто. Мислам дека максимумот за него е да биде официјален предизвикувач. Ништо повеќе. Само што никој во тешка категорија не го почитува и нема да победи на голем меч“, изјави Хантер за Скај спорт.

32-годишниот Американец преговара за средба со непоразениот Филип Хрговиќ (12-0). Мечот треба да биде елиминација на ИБФ за предизвикувач во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО