Македонија со пет репрезентативци на ЕП во борење (У-20) во Шпанија

На Европското првенство за младинци У-20 во Сантјаго де Компостела, Шпанија, од денес до 2 јули, Македонија ќе настапи со тројца борачи и две борачки.

Боите на македонската репрезентација ќе ги бранат:

-61 кг Бесир Алили

-70 кг Марко Андонов

-79 кг Стефан Димитров

-50 кг Марија Спирковска

-68 кг Бојана Лазаревска

Борбите на жените се од 26 до 30 јуни и ќе ги предводи Љубиша Пешко, додека на мажите се од 28 јуни до 1 јули.

Од Вардара информираат дека во грчко-римски стил требало да настапат 82 кг Љупче Митев и 87 кг Стефан Митев, но поради обврски во училиштето (во Германија) морале да го откажат учеството на Европското првенството.

Бесир Алили е со најголемо искуство и може да се вмеша во борбата за медали, Марко Андонов и Стефан Димитров, како и Марија Спирковска и Бојана Лазаревска ќе ги докажуваат своите квалитети и може пријатно да изненадат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО