Македонија со 61 каратист на Балканското првенство во Риека

На Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, Македонија ќе настапи со 61 каратист, односно 67 натпреварувачки влезови, од 26 до 28 ноември.

На Балканското првенство ќе настапат вкупно 731 натпреварувач од 13 земји.

Во репрезентацијата на Македонија има натпреварувачи кои настапија на Светското сениорско првенство во Дубаи, а има и освојувачи на медали на од Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тампере, Финска, во август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО