Мајти Мо ја одбрани титулата на Роуд ФЦ (ВИДЕО)

46-годишниот Мајти Мо (12-5) во Сеул ја одбрани титулата Роуд ФЦ во отворена категорија.

Поранешниот К-1 борец со TKO во втората рунда го победи Донг Гоок Канг (0-2). 44-годишниот Кореец едниствената претходна ММА борба ја одработи во 2012 година кога загуби од Џеф Монсон.

Одржани се и осум мечеви на турнирот во лесна категорија вреден еден милион долари.

Поранешниот М-1 шампион Мансур Барнауи со давење од позади во првата рунда го победи Кореецот Чанг Хјун Ким (18-11). Русинот Шамил Завуров (33-5-1) на поени го победи Американецот Лав Кунц (18-4-1) кој во кариерата направил две борби во УФЦ.

Целиот настан е на Јутјуб, а се борбата на Мајти Моа почнува во 05:04:00.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО