Мајкл Мек Грејн трди дека Мек Грегор нечесно се борел во нивната боксерска средба (ВИДЕО)

Боксерот Мајкл Мек Греј тврди дека ѕвездата на боречките спортови Конор Мек Грегор валкано се борел за време на нивната боксерска средба, која се одржа пред неколку дена во Даблин со цел собирање на средства. Мечот меѓу аматерот и Мек Грегор заврши нерешено. Сепак, Мек Грејн не е задоволен од нечесната работа на Конор, кој му задал недозволен удар.

„Си ги допревме ракавиците на почетокот на средбата и Мек Грегор мораше да се врати во својот агол, но не го направи тоа. Тој започна со ударите од првата секунда и ми зададе силно лево кроше во окото. Тоа беше тежок удар. Не знам како е во ММА, но имаме правила. Се поздравивме пред борбата. Немав шанси по таков подол напад. Гневен на неговата постапка.

Немаше како да го победам, без да го нокутирам. Многу луѓе ми се смееја и сакаа да се предадам, но тоа немаше како да се случи. Сè уште не можам да поверувам дека таква средба се случи. Се надевам дека ќе станам професионален боксер во доследно време“.

https://www.youtube.com/watch?v=0LNKvxtOBdo

Валканите работи на Конор Мек Грегор не се ништо ново.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО