Мајкл Биспинг се пензионира

Мајкл Биспинг одлучи да ја прескокне прошталната борба и да се пензионира.

Одлуката ја објави на неговиот подкаст. Посочи дека зад одлуката стојат проблемите со видот.

„Не е вредно за тоа. Што може повеќе да направам? Освоив појас, имав еден куп победи. Остварив се што си зацртав“.

„Нема смисла да удираш по мртов коњ. Јас не мислам дека сум мртов коњ, но зошто. Имам скоро 40 години. Сега е вистинското време“.

„По борбата со Келвин Гастелум почнав да имаат проблеми со моето добро око. На забавата по битката почнав да гледам блесоци. По некое време сфатив дека нема никакви блесоци, туку дека тоа е моето око и секој пат кога би погледнал на лево ќе заблескаше (или заигра – н.з.). Почнав да паничам“.

39-годишниот Англичанец во 2016 година со нокаут против Лук Рокхолд ја освои титулата на УФЦ во средна категорија. Ја одбрани и во реваншот со Дана Хендерсон, а ја загуби во втората одбрана од Жорж Сент Пјер.

Се опростува со скор од 30 победи и 9 порази. Во УФЦ постигна 20 победи и 9 порази. Со Жорж Снет Пјер и Доналд Кероне го дели првото место по најголем број на победи во УФЦ, а со 29 меча е рекордер на најсилната ММА организација по бројот на борбите.

Со Хендерсон и Рокхолд во текот на кариерата ги победуваше Андерсон Силва, Чунг Ле, Брајан Стен и Џејсон Милер. Во 2006 година беше победник на Ултимејт фајтер во полутешка категорија.

https://youtu.be/KmypHKxzZJA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО