Дијана Иванова и Филип Јакимов ги освоија првите џудо медали за „Нико“ во составот на Пелистер

Дијана Иванова и Филип Јакимов во составот на Џудо клубот Пелистер од Битола ги освоија првите медали на Државното првенство за помлади пионери и кадети за КРА „Нико“ – Кочани кој имаше дебитантски настап со шест натпреварувачи, златен и бронзен.

Дијана Иванова настапи во категоријата помлади пионери до 44 килограми и го освои златниот медал, додека Филип Јакимов настапи во категоријата помлади пионери до 46 килограми се закити со бронза.

На Државното настапија и Станче Минов, Дејвид Јорданов, Михаил Малинов и Матеј Ѓорѓиев.

Добар дебитантски настап, а во иднина може да се очекува и повеќе.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО