Мајкл Биспинг: Френсис Нгану задава чист удар и Џонс ќе брои ѕвезди

Френсис Нгануе страшен борец кој има огромна моќ. „Предаторот“ ни покажа монструозна моќ минатиот викенд во Минесота и уште еднаш победи со нокаут во првиот рунда. Нгану не му даде шанса на Жуниор дош Сантос и пак ќе го гледаме во борба за титулата.

Френсис изрази желба да се сретне со Џон Џонс во тешка категорија, а и многу луѓе зборуваат за таква битка. И поранешниот шампион Мајкл Биспинг сака да го види овој спектакл, а неговата прогноза е победа за камерунскиот борец.

„Мислам дека токму сега Френсис Наган ќе ги нокутира сите. Се разбира, моето мислење е дека Кормиер е кошмар противник за него поради борбата. И Миочиќ го победи и не треба да го отпишуваме. Од друга страна, мислам дека Нгану ќе го нокаутира Џон Џонс.

 Навистина, Џонс има добра борба и може да ве однесе во партер, но мислам дека таквата борба ќе му припадне на Френсис. Ви велам, ако Нгану му зададе чист удар на Џонс, ќе видиме како Џон заспива. Ова е факт. Се извинувам, но тоа е моја поента. Јас не го мразам Џонс. Во таква борба ќе се обложам на Нгану“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО