Едсон Барбоза – Пол Фелдер 2 на УФЦ 242

УФЦ подготвува нова голема борба за настанот во Абу Даби на 7 септември. Ќе видиме меч во лесна категорија меѓу Едсон Барбоза и Пол Фелдер.

Тие веќе имаа една здрава битка во 2015 година, која беше прогласена за борба на вечерта и Бразилецот победи со судиска одлука. Годинава видовме по една борба од двајцата, а Барбоза во март загуби со тежок нокаут од Џастин Гаетје, додека Фелдер го порази Џејмс Вик во февруари.

Едсон победи само во една од последните четири борби, а Фелдер загуби еднаш во последните пет настапи. Поразот беше во средна категорија против Мајк Пери во јули минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО