Аманда Нунес се прогласи за најголем борец во историјата на УФЦ

Несомнено е дека двојната шампионка Аманда Нунес е меѓу најдобрите натпреварувачки во историјата на ММА. Но, таа мисли дека е дури и повеќе од тоа.

Нунес овој викенд ќе влезе во кафезот за да ја брани титулата во петел категоријата против Холи Холм.

Има многу борци што луѓето ги сметаат за најдобри во историјата, но „Лајонес“смета дека е најдобра, не само кај жените, туку и во целата историја на ММА.

„Ќе бидам искрена со вас и ќе ви кажам дека сум најдобар борец во историјата на ММА. Ќе продолжам да бидам двократен шампион и ќе ги бранам двете титули. Сакам да направам приказна. Поминав низ многу работи и овие порази ми помогнаа. Борбите ме научија на многу работи. Уште учам. Отсекогаш верував во себе, а сега се враќам назад и сум емотивна, бидејќи поминав преку многу работи.

Многу се радувам поради тоа што сум најдобриот борец во историјата. Пред неколку години морав да се борам со Ронда Раузи, но наместо тоа, се борев со Кет Цингано и загубив. Бев во паника од тој пораз. Вусшност, никој и не сака да губи. По многу разговори со Нина и моите тренери, почнав да барам одговори на моите прашања.

Лудост е, затоа што направив многу промени по оваа битка. Ги променив тимовите, посетував психолози, направив тестови на крвта. Сакав да станам нов спортист и да го избришам сето она што се случило во минатото. Сето тоа беше лудило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО