Мајк Тајсон влезе во бизнисот со марихуана (ВИДЕО)

Mega

Мајк Тајсон влезе во новата година влезе со нов претприемачки потфат.

Поранешниот неприкосновен првак во тешка категорија со деловните партнери отвори ранч за канабис во Калифорнија за да ги искористат предностите на одлуката на таа земја за легализирање на употребата на марихуаната во рекреативни цели.

51-годишниот поранешен боксер отвори работа на површина од 40 хектари во Калифорнија Сити, во оддалечен град од 15.000 жители во југозападниот дел на Долината на смртта.

Тајсон веќе го почнал и брендирањето своите производи, така што првото заштитено име е „Железниот Мајк Генетика“.

Ќе имаат сопствено училиште, Тајсон култивејшн скул, која ќе ги поучува земјоделците како да одгледуваат и да ги усовршат најдобрите сорти.

Легендарниот боксер веќе долго време верува во лековитоста на медицинската марихуана, која во Калифорнија законски се продава веќе 20 години.

Калифорнија очекува големи приходи од легализираната билка, а градоначалникот на Калифорнија Сити го поздрави отворањето на ранчот како преродба на градот, кој ќе ги донесе многу потребните работни места. Тајсон и неговите партнери на нивниот ранч ќе вработуваат и пензионирани војници.

Одлуката за легализација на марихуаната за рекреативни цели стапи на сила во Новата година и Калифорнија ќе стане најголемиот пазар за билката која е забранета во многу земји.

Калифорнија стана шестата американска држава, по Колорадо, Вашингтон, Орегон, Аљаска и Невада која го регулира легалното конзумирање на марихуаната.

По истите стапки тргнаа и Масачусетс и Мејн.

https://youtu.be/JBY6zuKgNDw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО