Мајк Тајсон тренира со син му (ВИДЕО)

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон ја воодушеви јавноста пред неколку месеци кога реши да се врати на тренинзи во теретана и боксот.

Одамна се шпекулира дека Мајк ќе се врати во рингот и тој го потврди тоа, но тоа ќе бидат само натпревари во хуманитарни цели. Покрај тоа, тој го тренира и својот син Мигел, кој исто така е „машина“.

На социјалните мрежи се појави видео од тренингот на Тајсон и неговиот син, а Мигел покажа дека е многу талентиран во боксот. Мигел не е професионален боксер, но по талентот што го покажа на тренинзите, тој сигурно сега сериозно размислува за таква кариера.

Тајсон рече дека тренираат само затоа што Мигел сака да биде во форма, но сигурно дека и тој бил и изненаден од тоа што го покажал неговиот син и затоа може да биде многу горд. Дали Мигел ќе одлучи да ги следи стапките на татко му и да влезе во светот на боксот, останува да се види.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО