Мајк Тајсон светски шампион на ајкулите, откако ги нокаутира (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон гостуваше во емисија на „Дискавери“ за да промовира една од најпопуларните емисии за ајкули, нешто што беше најавено пред неколку недели.

„Дискавери“ во рамки на научната емисија која се занимава со ајкули најави и голема „борба“ меѓу Тајсон и големите бели ајкули.

„Борбата“ на крајот се одржа, а беше составена од три рунди. Во првата рунда Тајсон мораше да нурка со ајкулите, во втората требаше да ги избегнува, а во третата требаше да фати ајкула и да ја држи на морското дно за да не може таа да се движи.

Тајсон успеа во сите три предизвици, а „Дискавери“ му додели победа со „нокаут“ и го нарече светски шампион на ајкулите.

https://www.facebook.com/135180579829454/videos/2369554350018388

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО