Мајк Тајсон призна кого го смета за најопасниот боксер на сите времиња: Тој беше чудовиште!

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, влезе во професионалниот ринг во 1985 година и за една година нокаутираше 19 од своите противници.
Железниот Мајк го запиша своето име во историските книги во 1986 година, кога стана најмладиот шампион во тешка категорија. Го победи Тревор Бербик со прекин во втората рунда за да ја освои титулата на ВБЦ.
После тоа, ги освои титулите на ВБА и ИБФ со победи над Џејмс Смит и Тони Такер, а само еден месец откако наполни 21 година, ги обедини појасите за светски шампион.
Нема сомнение дека Мајк Тајсон припаѓа на групата на најопасните борци на сите времиња со својот разорен удар, но боксерската легенда неодамна откри дека еден боксер бил пострашен од останатите.
„Сони Листон беше најопасниот борец што некогаш влегол во рингот. Сони Листон ќе дојдеше во градот, а полицијата ќе му велеше: „Слушај, не можеш да останеш“, а тој ќе ги нокаутираше сите четворица, ќе им ги скршеше вилиците и ќе го земаше пиштолот додека го тепаа го удираа по главата со палки… Нема борец како Сони Листон. Тој беше чудовиште“! рече Мајк Тајсон.
Сони Листон имаше кариера од 50 победи (39 нокаути) и само четири порази, и беше светски шампион во тешка категорија од 1962 до 1964 година.
Често запаѓаше во неволји, беше вмешан во организиран криминал и беше апсен неколку пати. Почина на 30 декември 1970 година, под мистериозни околности.



