„Хабиб е единствениот борец во историјата на ММА кој успеал да го направи тоа. Секоја чест за него“

Легендарниот поранешен шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, има 29 професионални победи во исто толку борби за време на неговата импресивна кариера.
Дегестанскиот „Орел“ се смета за еден од најдоминантните борци во октагонот. Изгуби само две или три рунди според резултатите на судиите во целата кариера, а познато е дека никогаш не претрпел сериозна повреда во борба. Никогаш не искрварил, никогаш не имал исекотина и едвај имал модринки.
Моментално шесторангираниот предизвикувач во лесна категорија верува дека има едно нешто што им наштетило на сите борци – а тоа е времето! Постои добрата стара поговорка: „Мора да знаеш како да запреш“!
Ден Хукер го изрази восхитување кон Нурмагомедов за Скај спорт НЗ, бидејќи верува дека тој е единствениот врвен борец кој останал недопрен од времето:
„Противник на секој борец е Таткото Време. Дајте му доволно време, фрлете ги коцките доволно пати и ќе ја погледнете змијата во очи. Тоа е едноставно природно, таква е природата на „ѕверот“ со кој се справуваме.
Имавме само еден борец кој влезе и излезе со добра серија, а тоа беше Хабиб. Мислите дека се пензионира затоа што „не сум подготвен за повеќе предизвици“, но не. Едноставно е многу паметен борец, беше непоразен и знаеше дека ако продолжи да презема ризици, ако продолжи да фрла коцки, некој може да го добие, на еден од многуте начини во нашиот спорт.
Значи, беше паметен борец и е единствениот (врвен) борец во историјата на ММА кој влезе и излезе со совршен резултат. Секоја чест за него“.
View this post on Instagram



