Мајк Тајсон: Ова е само почеток

Поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон навести дека ќе продолжи да се бори во рингот по претстојното враќање во ноември.

Тајсон на 28 ноември ќе се сретне со поранешниот светски шампион во четири категории, Рој Џонс Јуниор.

Мечот е закажана како егзебициски во осум рунди и ќе биде прва борба на Тајсон од 2005 година – кога беше поразен од Кевин МекБрајд.

Покрај борбата со Џонс, Тајсон е заинтересиран да продолжи да се бори, веројатно во повеќе демонстративни борби.

Тајсон (54) вели дека не се враќа за пари, туку дека сака да им помогне на добротворните организации донирајќи дел од приходите од настаните на кои ќе усчествува.

„Верувам дека ова ќе биде само почеток. Само ме интересира да се борам во име на давање. Од некоја причина, чувствувам прочистување на душата“, рече Тајсон.

Малтретиран како дете во најтешката и најсиромашна населба во Бруклин, Тајсон пораснал како еден од највозбудливите и најжестоките боксери на сите времиња.

51-годишниот Џонс не стапнал во рингот од почетокот на 2018 година.

Во моментов тешката категорија е во експанзија – има врвни боксери и претенденти кои растат.

Во исто време, сè уште има проблеми во спротивставување на најдобрите во тешка категорија.

Во моментов, најголемата битка во дивизијата е обединувачкиот меч помеѓу светскиот шампион Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

„Сите се возбудливи боксери, сите ќе заработат многу пари, но само треба да се борат меѓу себе. Престанете да се надмудрувате, едноставно, само да се борите. Се борите неколку пати и кога сè ќе заврши, можете да кажете: „Погледнете , го направивме тоа на наш начин“, рече Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО