Дисквалификација на борец за брутален удар (ВИДЕО)

Полскиот ММА борец Амадеуш Рослик ја загуби победата откако зададе брутален нелегален удар во главата на неговиот противник, Адријан Полански.

Тие се сретнаа во меч во полусредна категорија на „Фејм ММА 7“ во Варшава оваа сабота, а на крајот на втората рунда Рослик успеа да го собори противникот на земја со добар десен удар. И кога се чинеше дека тоа ќе му донесе победа, тој зачекори и го удри во главата Полански како фудбалска топка, принудувајќи ги судиите околу кафезот да го дисквалификуваат. Со своето дејствие тој го прекрши правилото дека ако борец е на земја, а колената или рацете го допираат подот, тогаш удари со нога и колено во главата не се дозволени.

https://twitter.com/streetfitebncho/status/1302370017342877697?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1302370017342877697%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fdiskvalificiraxa-boec-za-brutalen-ritnik-video%2F

И покрај несреќниот развој на мечот, Рослик и Полански по мечот беа фотографирани заедно, а на фотографијата се чини дека нема лоши чувства меѓу нив.

https://www.instagram.com/p/CExqKBfDmHI/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО