Мајк Тајсон откри зошто се движел во инвалидска количка (ФОТО)

Поранешниот неприкосновен боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон (50-6) неодамна беше забележан во инвалидска количка на аеродромот во Мајами.

Претходно Тајсон одеше со бастун во раката. Според Тајсон, тој се бори со ишијас – болки во лумбосакралниот регион.

„Кога ишијасот се влошува, не можам ни да зборувам. Фала му на Бога, ова е мојот единствен здравствен проблем“, изјави Тајсон за „Sportkeeda“.

Најчесто спортистите ја доживуваат оваа болка поради напнатоста на мускулите за време на вежбањето. Многу борци признаа дека страдаат од ишијас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО