Мајк Тајсон: Ќе ја завршам кариерата на Џејк Пол

Поранешниот шампион во тешка категорија Мајк Тајсон ќе се врати во рингот за да се соочи со Јутјубер кој стана боксер Џејк Пол. Тие ќе се натпреваруваат во егзибициски меч, а ќе се прикажува на Нетфликс, објавија организаторите.

Тајсон (57) и Пол (27) ќе се соочат еден со друг на стадионот АТ&Т во Арлингтон, Тексас, домот на Далас Каубојс од НФЛ. Ова ќе се случи на 20 јули, објавија Нетфликс и МВП.

Тајсон во изјавата рече дека со нетрпение очекува да се бори со противникот кој е 30 години помлад од него, инсистирајќи дека бил импресиониран од перформансите на Пол во неговата нова боксерска кариера.

„Тој многу порасна како боксер со текот на годините. Ќе биде многу забавно да се види што може да направи волјата и амбицијата на едно „дете“ наспроти искуството и способноста на најголемите. Неговото боксерско патешествие го започна во прелиминарните борби на мојата борба со Рој Џонс и сега планирам да го завршам“, изјави Тајсон.

Тајсон се смета за еден од најжестоките боксери во историјата на тешка категорија, владеејќи како неприкосновен шампион меѓу 1987 и 1990 година и го освои својот прв појас на возраст од 20 години, четири месеци и 22 дена за да стане најмладиот шампион во тешка категорија во историјата.

https://twitter.com/HappyPunch/status/1765779692404060346?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1765779692404060346%7Ctwgr%5E647a3485a913c571fef735d4647e87a3cc0facf5%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2FHappyPunch%2Fstatus%2F1765779692404060346image%3D

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО