Мајк Тајсон категоричен: Еминем е единствениот белец кој знае како е да си црнец!

Боксерската легенда Мајк Тајсон во специјално интервју со раперот Еминем изјави дека тој е единствениот белец кој знае како е да си црнец, оставајќи го музичарот без зборови.

Тајсон, кој беше првиот тешкаш со ВБА, ВБЦ и ИБФ титулите со ова сакаше да посочи на тешкото детство на Еминем (со вистинско име Маршал Мадерс) во Детроит и борбата да добие почитување од црната хип-хоп заедница.

На 47-годишниот Еминем очигледно му беше незгодно од коментарот, велејќи: „Не знам како да одговорам на тоа. Знам, сите си имаме своја приказна“. Еминем израсна во сиромашниот дел на Детроит каде што тој и неговата мајка беа едно од трите бели домаќинства во квартот. Тајсон пак, драматично го смени животот во поправните домови, откако до својата 13-та година беше уапсен дури 38 пати.

Еминем пак имаше само комплименти за „Челичниот“: „Никогаш не сум видел некој да удира толку силно. Тоа беше неверојатно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО